• вторник, 30 април 2024

Приведени крадци во Прилеп, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Приведени крадци во Прилеп, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Прилепската полиција ноќеска во 2.30 часот по полноќ во овој град ги лишила од слобода  Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп.

Како што информираат денеска од МВР, тие биле фатени при извршување „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/мд/

Остани поврзан