• сабота, 27 април 2024

Приведена тетовка барана со потерница

Приведена тетовка барана со потерница

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Во Тетово на ул.„Михајло Рајчевиќ“ вчера околу 13 часот и 20 минути полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 23-годишната тетовка Б.Ј., соопшти денеска МВР.

Таа била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик.

- Претходно, Б.Ј. била пријавена од 30-годишниот тетовец А.С. дека во неговата куќа на оваа улица извршила кражба и одзела повеќе предмети, кои подоцна биле пронајдени и му биле вратени. Б.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, појаснуваат од МВР. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан