• среда, 03 јули 2024

Претставници од општина Куманово на регионален форум во Сараево организиран од УНФПА

Претставници од општина Куманово на регионален форум во Сараево организиран од УНФПА
Куманово, 16 ноември 2022 (МИА) - Претставници на општина Куманово учествуваа на регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на осум милијарди луѓе“ во Сараево, Босна и Херцеговина. На форумот, како што информираат од општината, биле разменети информации за политиките и развојот за младите, учество и јакнење на демографската отпорност кај општествата. Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска заедно со службеникот за млади Мартин Крстиќ учествуваа на регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на осум милијарди луѓе“ во Сараево, Босна и Херцеговина каде присуствуваа 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, по повод одбележување 15 Ноември 2022 – Денот кога Планетата станува дом на осум милијарди луѓе. Покрај претставници од Куманово, на форумот учествувале и градоначалниците од општините Валандово и Дебар, службеници за млади од општините Центар, Куманово, Дебар и Валандово и на граѓанската организација ARNO. Регионалниот форум е во организација на УНФПА, а целта е размена на информации за политиките и развојот за младите, учество и јакнење на демографската отпорност кај општествата. ам/фф/

Остани поврзан