Претставници на Стејт департментот воделе тајни преговори за мирно заминување на Мадуро од власт
- Специјалниот преставник на САД, амбасадорот Ричард Гренел, оддржал тајни средби со венецуелскиот политичар Хорхе Родригез од блискиот круг на Николас Мадуро за мирно заминување на претседател
Вашингтон, 22 октомври 2020 (МИА) - Специјалниот преставник на САД, амбасадорот Ричард Гренел, оддржал тајни средби со венецуелскиот политичар Хорхе Родригез од блискиот круг на Николас Мадуро за мирно заминување на претседателот на Венецуала од власта, објави денеска Блумберг.
Од извори запознати со средбата, Агенцијата дознава дека Гренел кон средината на септември се сретнал со Родригез во Мексико Сити. Според нив, ниту државниот секретар ниту пак други службеници од Стејт департментот, не знаеле за оваа средба.
Се истакнува дека американскиот дипломат се обидел да дискутира за заминувањето на Мадуро, но преговороите не биле успешни. Службеници од Советот за национална безбедност, Белата куќа и Стејт департментот не одовориле на прашањата поставени од Блумберг за средбата во Мексико Сити. кб/ми/