• недела, 22 декември 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот ирански амбасадор, Али Реза Ирваш

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот ирански амбасадор, Али Реза Ирваш

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Али Реза Ирваш, новоименуван амбасадор на Исламска Република Иран во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, оцени дека именувањето на амбасадорот Ирваш претставува потврда за посветеноста на Исламската Република Иран кон развивањето на односите со Република Северна Македонија.

-Искрено верувам дека нашите две земји располагаат со потенцијали за соработка во повеќе области и се надевам дека во претстојниот период истите ќе бидат соодветно искористени, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Ирваш, од својата страна, оцени дека  уште од независноста на Република Северна Македонија, двете држави се обидуваат да ги унапредат билатералните односи во различни области, врз основа на заемно почитување и споделување на заедничките интереси.

-Постојните потенцијали на двете земји, кои уживаат важни позиции на Балканот и во регионот на Персискиот залив и Блискиот Исток, даваат добра основа за продлабочување на нашата соработка, рече новоименуваниот ирански амбасадор.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Ирваш, како што се наведува во соопштението, му посака успешно извршување на одговорната функција. дма/ац/

Фото:Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан