• петок, 20 декември 2024

Претседателот на унгарскиот Парламент ја потпиша ратификацијата на членството на Шведска во НАТО

Претседателот на унгарскиот Парламент ја потпиша ратификацијата на членството на Шведска во НАТО

Будимпешта, 2 март 2024 (МИА) - Претседателот на унгарското Државно собрание, Ласло Ковер, денеска ја потпиша ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на веб-страницата на унгарскиот Парламент.

Медиумите додаваат дека документот е испратен до кабинетот на претседателот на Унгарија.

Унгарските пратеници на 26 февруари го одобрија приемот на Шведска во НАТО, отстранувајќи ја и последната пречка пред историскиот чекор на земјата чија неутралност траеше безмалку 200 години и ги заобиколи и двете светски војни и Студената војна.

Гласањето во унгарскиот Парламент стави крај на повеќемесечното одложување во промената на шведската политика во однос на безбедноста, а се одржа по посетата на шведскиот премиер Улф Кристерсон на Будимпешта, кога двете земји потпишаа договор за испорака на оружје.

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочи со притисок од сојузниците во НАТО да попушти и да го одобри приемот на Шведска во Алијансата. 

Унгарскиот претседател во рок од пет дена мора официјално да ја објави ратификацијата. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан