• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на Берлин

Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на Берлин

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со генералната секретарка Марина Димовска, од денеска до 18 октомври ќе остварат работна посета на Берлин.

Собраниската прес-служба најави дека посетата примарно се организира заради разгледување на можностите за продолжување на веќе воспоставената соработка меѓу двата парламента, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка и проширување на можностите за соработка во други области од заемен интерес.

Во рамки на посетата, предвидени се средби со министерката за Европа и клима, Ана Лирман, претедателката на Германскиот Бундестаг Бербел Бас, претседателот на Комисијата за европски прашања Антон Хофрајтер, претседателот на Комисијата за надворешна политика Михаел Рот и претседателот на Парламентарната група за пријателство во Југоисточна Европа, Дирк Вупел. На маргините на посетата, генералната секретарка Марина Димовска, ќе оствари средба со заменик-генералната секретарка на Бундестагот, Сашка Лејнбергер. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан