• четврток, 04 декември 2025

Претседателот на Мадагаскар под притисок на протестите ја распушти владата

Претседателот на Мадагаскар под притисок на протестите ја распушти владата

Антананариво, 29 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, вечерва преку телевизиско обраќање соопшти дека ја распушта целата влада по повеќедневните протести во кои, според податоците на Обединетите нации, загинаа најмалку 22 лица.

Пред три дена, движењето наречено „Генерација З“ се мобилизираше во оваа голема островска држава крај Африка, во Индискиот океан, и излезе на масовни демонстрации.

Движењето настана од фрустрација поради континуираниот недостиг на вода и електрична енергија и се претвори во отворен предизвик за владата.

И денеска илјадници демонстранти се собраа во главниот град Антананариво.

- Во согласност со член 54 од Уставот, решив да ги прекинам функциите на премиерот и владата, изјави претседателот Андри Раџоелина на националната телевизија. јт/

Фото: Андри Раџоелина на Фејсбук, скриншот

Остани поврзан