• недела, 22 декември 2024

Претседателот на либанскиот парламент ги повика ОН да воспостават хуманитарен воздушен мост

Претседателот на либанскиот парламент ги повика ОН да воспостават хуманитарен воздушен мост

Бејрут, 1 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, сојузник на Хезболах, ги повика Обединетите нации да воспостават воздушен мост за да се забрза испораката на помош за речиси еден милион луѓе раселени поради израелските напади.

Бери ги повика ОН да воспостават „воздушен мост за да се обезбеди испорака на хуманитарна помош“, се вели во соопштението објавено од неговата канцеларија.

Тој, исто така, ги повика меѓународниот и либанскиот Црвен крст да ги „исполнат своите должности во испораката на помош и медицински материјали во јужен Либан“. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан