• сабота, 27 јули 2024

Претседателката на Специјализираните комори на Косово, Трендафилова во посета на Косово, опозициската ПСД организира протест

Претседателката на Специјализираните комори на Косово, Трендафилова во посета на Косово, опозициската ПСД организира протест

 

Приштина, 29 ноември 2023 (МИА) – Претседателката на Специјализираните комори на Косово, судијката Екатерина Трендафилова денеска ќе одржи средба со претставници на граѓанското општество во Приштина, во рамки Програмата на меѓународниот трибунал за воени злосторства во Косово за комуникација и подигнување на јавната свест, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во времето кога се очекува да започне средбата на Трендафилова со претставници на граѓанското општество, најавена за во 14.30 часот, опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД) ќе одржи протест против нејзината посета на Косово.

- ОВК (Ослободителната војска на Косово) не може да се суди. Посетата на г-ѓа Трендафилова на Косово е токму за да ја поправи сликата на овој неправеден суд. Специјалниот суд е во криза поради длабок недостаток на легитимитет. ПСД е решена да не дозволи овој обид да ја постигне целта. Трендафилова не е добредојдена тука. Да се обединиме в среда, 29 ноември, заедно да се спротивставиме на неправдата што се обидуваат да ни ја претстават како правда, се вели во повикот на ПСД.

И при претходно најавената посета на Трендафилова на Косово, која беше откажана, ПСД планираше да организира протест. иа/

Остани поврзан