Претрес во Прилеп, пронајдена дрога
- Уапсен 22-годишен прилепчанец, во чиј дом вчера полициски службеници пронашле дрога.
![Претрес во Прилеп, пронајдена дрога](https://mia.mk/images/20240417115411_big_730x400_16.webp )
Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Уапсен 22-годишен прилепчанец, во чиј дом вчера полициски службеници пронашле дрога.
- На 16.04 2024 во Прилеп, полициски службеници од го лишиле од слобода прилепчанецот Б.С.(22). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопштуваат од МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. ир/са
Фото: МИА архива