• петок, 03 април 2026

Претрес во Куманово, пронајдено оружје и муниција

Претрес во Куманово, пронајдено оружје и муниција

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово денеска го лишиле од слобода Е.Х.(36) од Куманово во чиј дом при претрес, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.62 мм со 13 куршуми, еден сигнален пиштол со седум куршуми и една кутија со 34 куршуми различен калибар.

Полицијата соопшти дека Е.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ев/лв/

 


 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан