• петок, 11 октомври 2024

МВР: Претреси во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

МВР: Претреси во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Полицијата во повеќе претреси низ Скопје, пронајде дрога и приведе три лица, информираат од МВР.

На подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 22:30 часот го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска во 00:30 часот го лишиле од слобода Д.Т.(52) од Скопје. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот во кој престојува на подрачјето на Кисела Вода, во неговото возило „тојота“, како и во подрумските простории кои лицето ги користи, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, семки од растението канабис, различни видови таблети и две дигитални ваги.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишија од слобода и Џ.А. од Скопје. По претходно добиена судска наредба, беше извршен претрес и во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, при што беа пронајдени и одземени неколку тегли и неколку други пакувања со марихуана и  дигитална вага.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до ОЈО. аа/

Фото: МВР

Остани поврзан