• среда, 28 август 2024

Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи

Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови под влијание на циклонска активност од исток, следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. сст/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан