• петок, 17 мај 2024

Прерано е да се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 проценти, смета Бислимоски

Прерано е да се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 проценти, смета Бислимоски

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски смета дека е прерано ДДВ-то за струјата на домаќинствата да се врати од 10 на 18 проценти. 

Како што рече вечерва Бислимоски, ДДВ-то од 10 отсто треба да остане барем до крајот на годината, па дури потоа да се разгледуваат можностите за негово враќање.  

Во гостување на „Топ тема“, претседателот на РКЕ информира дека е побарано од Електродистрибуција во наредните година - две сите броила во државата да бидат „смарт“, за да престане тензијата кај потршувачите.

Според претседателот на РКЕ, ЕСМ треба да ја откупува произведена електрична енергија од новите фотоволтаици. Клучно е да се испрати сигнал дека купувањето електрична енергија по екстремно ни

-Ќе има далечинско отчитување, од 00:01 часот на 1-ви до 23:59 во последниот ден од месецот за да се тргне таа пракса во претплата. Мене ми смета кога се жалат потрошувачи кои реално се во претплата и на некој начин го финанираат универзалниот снабдувач. Со овој потег што ќе се преземе, ќе престане овој проблем да прави нервозни ситуации кај пшторшувачите, истакна Бислимоски.

Според него, блок тарифите засега дадоа добри резултати и има сериозно намалување на потрошувачката на струја. мч/са/

 

 

 

 

Остани поврзан