• понеделник, 23 декември 2024

Премиерот на Шри Ланка избран за нов претседател на земјата

Премиерот на Шри Ланка избран за нов претседател на земјата
Коломбо, 20 јули 2022 (МИА) - Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, со големо мнозинство денеска беше избран за претседател на земјата, на местото на Готабаја Раџапакса, кој побегна од државата и поднесе оставка минатата недела. Седумдесет и тригодишниот Викремесинге, поддржан од владејачката Народна партија на Шри Ланка, доби 134 гласа, наспроти 82 гласа за неговиот ривал Дулас Алахаперума. Третиот кандидат доби три гласа. Двајца членови беа воздржани од гласање, а четири гласа беа неважечки. Викремесинге, шестпати премиер, беше именуван за привремен претседател откако поранешниот, Готабаја Раџапакса, ја напушти земјата поради политичките и економските превирања на 13 јули. Викремесинге, кој исто така ја извршуваше функцијата премиер, сега официјално ја презема улогата на претседател. Околу парламентарниот комплекс беше распоредено силно обезбедување иако не беа организирани протести. Шри Ланка е пред банкрот и се соочува со недостиг од храна, гориво и други важни работи. бд/зш/

Остани поврзан