• петок, 05 декември 2025

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота, можен политички мотив

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота, можен политички мотив

Вашингтон, 14 јуни 2025 (МИА) – Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот на сојузната американска држава Минесота, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг се убиени, а гувернерот Тим Волц изјави дека нападот, според него, има политичка позадина.

– Сите ние, во Минесота и низ целата земја, мораме да се спротивставиме на вакви форми на физичко насилство, изјави Волц пред новинарите.

Во одделен вооружен напад се повредени и пратеникот на Демократската партија Џон Хофман и неговата сопруга.

Мелиса Хортман беше една од водечките демократки во Конгресот на Минесота и поранешна претседателка на Претставничкиот дом, а првпат беше избрана во 2004 година.

Началникот на Бирото за кривични истраги, Дру Еванс, изјави дека локалните власти активно трагаат по осомничениот, за кого се претпоставува дека при нападот носел полициска униформа. ссм/

фото: Икс профил на Мелиса Хортман

Остани поврзан