• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Преку Национална стратегија за морско просторно планирање, Грција ги поставува правилата за организација на морскиот простор

Преку Национална стратегија за морско просторно планирање, Грција ги поставува правилата за организација на морскиот простор

Атина, 16 април 2025 (МИА) - На иницијатива на Министерството за животна средина и енергетика на Грција во соработка со Министерството за надворешни работи и другите надлежни грчки министерства денеска бил донесен акт за воспоставување на Национална територијална стратегија за морскиот простор, со која се прецизира и мапира морското просторно планирање на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека станува збор за важна иницијатива бидејќи „за првпат земјата ги поставува правилата за организација на морскиот простор“.

- Морското просторно планирање претставува комплетна рамка за просторно планирање и е неопходен услов за успешен развој на сина и кружна економија, јасно одразувајќи ги човечките активности што можат да се спроведат во сите морски зони на нашата земја, со почитување на неотуѓивата потреба за заштита на животната средина, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Додадоа дека со морското просторно планирање и Националната територијална стратегија за морскиот простор, Грција „за првпат ги одредува деталните употреби на своите поморски зони, спроведувајќи ја обврската што произлегува од Директивата 2014/89/ЕУ и остварувајќи ги правата што произлегуваат од меѓународното право“.

Дополнително, од Министерството за надворешни работи на Грција објавија и мапа со поморските области во кои се  вклучени грчко-италијанските договори за разграничување на Ексклузивната економска зона од 1977 и 2020 година и грчко-египетскиот договор од 2020 година, а за неограничените области ја дефинира надворешната граница на грчкиот континентален гребен, додека не се склучат договори за одредување на морските зони со соседните држави.

Паралелно посочија дека одредувањето на морските зони е различно од поморското просторно планирање, а конкретната мапа го прикажува грчкото поморско просторно планирање и не претставува разграничување на Ексклузивната економска зона. ср/паг/

Фото: Грчко МНР

Остани поврзан