Прекин во водоснабдувањето утре во Пехчево
- Водоснабдувањето во Пехчево утре ќе биде во прекин поради изведување работни задачи на резервоарите за вода, информираа од пехчевското комунално претпријатие.
Пехчево, 19 септември 2023 (МИА) - Водоснабдувањето во Пехчево утре ќе биде во прекин поради изведување работни задачи на резервоарите за вода, информираа од пехчевското комунално претпријатие.
Прекинот ќе биде од 7 до 15 часот.
-Ги известуваме жителите на Пехчево дека среда(20.09.2023) ќе се врши перење и перхлорирање на резервоарите во Пехчево. Поради изведувањето на работните задачи, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7-15часот, информираа од ЈКП „Комуналец" Пехчево.
Апелираа по завршувањето на рсботните задачи водата да не се користи за пиење во наредните неколку часа. вс/
фото: МИА архива