• петок, 17 мај 2024

Прекини со водоснабдување на повеќе улици во скопско

Прекини со водоснабдување на повеќе улици во скопско

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Поради изведување на водоводен приклучок  ф-150 мм на  ул. „Воин Драшкоци“  8, денеска прекинато водоснабдување од 10 часот  имаат корисниците на дел од ул.„Воин Драшкоци“, дел од „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.

Воедно известуваат дека  поради дефект на затворач на ул. 20/бб Сарај , прекинато водоснабдување од 10 часот  имаат  корисниците на дел од Сарај , Глумово, Долна Матка, Горна Матка и Шишево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се  до завршување со санација на дефектот. ад/дма/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан