• среда, 04 септември 2024

Презентација на извештаи „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес – Презентација на акциски планови за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда“

Презентација на извештаи „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес – Презентација на акциски планови за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда“

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Во Собранеито на Република Северна Македонија денеска во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) ќе се одржи настан „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес – Презентација на акциски планови за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда“.

Како што е најавено, воведни воведни излагања ќе имаат претседател на Собранието Африм Гаши, Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија (ИДСЦС) и Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава.

На овој настан, ќе бидат презентирани најновите извештаи за напредокот во Берлинскиот процес, со фокус на акциските планови за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда.

Презентацијата има за цел да поттикне продуктивна дискусија меѓу пратениците во Собранието, базирана на наодите од набљудувањето на овие планови од страна на ИДСЦС, соопштија организаторите на настанот, што е дел од проектот „Парламентарна дипломатија: регионална соработка преку зголемен парламентарен дијалог“, поддржан од Германското сојузно министерство за надворешни работи. цр/вг/

Фото: принт скрин

Остани поврзан