• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на Вториот национален извештај за перформансите и реформите на правосудството

Презентација на Вториот национален извештај за перформансите и реформите на правосудството
Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Презентација на  Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА). Извештајот, како што информираат организаторите, го следи напредокот на реформите во работата на правосудниот систем во пет области: ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судската правда, независност и непристрасност и професионален развој и соодветна застапеност. На презентацијата, како што најавуваат од ЦПИА, ќе учествуваат судии од основните, апелационите и управните судови, Врховниот суд на РСМ, претставници на судската служба, Јавното обвинителство, Судскиот совет, Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за правда, претставници од професионалните здруженија во РСМ, претставници на невладиниот сектор, како и донаторската заедница во земјата. Согласно пропишаните безбедносни протоколи, настанот ќе се одржи онлајн преку електронската платформа ZOOM. Спроведувањето на мерењето на реформите во правосудството и подготовката на Извештајот е дел од проектот „Вградување аналитички и мониторинг алатки за поддршка на реформите во правосудството на Република Северна Македонија“’, поддржан од Британската амбасада во Скопје. аа/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан