Пред денешната расправа во Кнесетот и најавените протести, израелскиот претседател бара Нетанјаху да ја одложи судската реформа
- Со недели, десетици илјади Израелци протестираа против плановите на Владата на поради планираното намалување на овластувањата на Врховниот суд. Целта на реформата е да му даде на Парламентот овластување да ги поништи одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство. Исто така, политичарите ќе имаат поголемо влијание при назначувањето на судиите.
Ерусалим, 13 февруари 2023 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да го одложи контроверзниот план за ревизија на судскиот систем на земјата и наместо тоа да бара компромис со неговите политички противници.
Херцог го упати апелот во националното обраќање, пред денешната дебата во израелскиот парламент (Кнесет) за нацрт-законот за судски реформи, кој се однесува на изборот на судии.
Предложената реформа предизвика масовни демонстрации и противење од широк дел од израелското општество. И американскиот претседател Џо Бајден реагираше, велејќи дека израелската демократија е изградена на консензус и независно судство.
Функцијата Претседателот на Израел е главно церемонијална, но вообичаено е да биде глас на совеста и обединувачка сила во длабоко поделената земја.
Судските реформи се приоритет на новата израелска влада. Но, според критичарите со реформата ќе се ослаби Врховниот суд, ќе се изврши политизација на судиите и ќе ја намали независноста на државните правни советници.
За Нетанјаху, кому му се суди за корупција, промените би можеле да му помогнат да избегне да биде прогласен за виновен или да доведе до целосно откажување на судењето.
Од 2019 година, кога беше обвинет, Нетанјаху го критикуваше судството, тврдејќи дека е пристрасно кон него, а сега најавува дека реформите ќе се спроведуваат одговорно.
Неколку синдикални групи денеска ќе штрајкуваат во Израел во знак на протест против планираните реформи во правосудството, јави ДПА.
Голем протест е закажан за пладне пред Кнесетот во Ерусалим денеска, кога се очекува пратениците на прво читање да одобрат дел од контроверзната реформа.
Со недели, десетици илјади Израелци протестираа против плановите на Владата на поради планираното намалување на овластувањата на Врховниот суд. Целта на реформата е да му даде на Парламентот овластување да ги поништи одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство. Исто така, политичарите ќе имаат поголемо влијание при назначувањето на судиите. ссм/