• петок, 05 декември 2025

Превентивна активност „До Вас, за Вас“ на МВР во Охрид

Превентивна активност „До Вас, за Вас“ на МВР во Охрид

Охрид, 24 јули 2025 (МИА) – Со насока приближување на полицијата до граѓаните, во рамки на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“ утре во Охрид ќе биде реализирана превентивната национална кампања „До Вас, за Вас“.

Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал...

Кампањата е од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните ќе можат да ги следат и да учествуваат од 18:30 часот на Градското пристаниште и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

Активноста ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јане,  а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР - Охрид, Граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, „Црвен крст“ и Територијалната протипожарна еднница од Охрид.

На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид за посетителите ќе бидат изложени дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи. аб/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан