• петок, 22 ноември 2024

Прв семинар за женски македонски фудбалски судии

Прв семинар за женски македонски фудбалски судии
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА организираше женски судиски семинар, со акцент на теорискиот дел од правилата на фудбалската игра. Предавач и инструктор на семинарот одржан во Скопје, беше членот на судискиот одбор на УЕФА, а воедно и одговорна за женските судии во Европа, Дагмар Дамкова од Чешка. Женските македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои се користат и се применуваат на меѓународните натпреварувања под капата на УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше семинар за женски судии.ег/свс

Остани поврзан