• сабота, 29 јуни 2024

Прв македонски фестивал со детски театарски претстави во Кавадарци

Прв македонски фестивал со детски театарски претстави во Кавадарци

Кавадарци, 7 јуни 2024 (МИА) - Првиот македонски фестивал со детски театарски претстави почнува денеска во Кавадарци, во организација на Здружението на детски театри -Национален центар „АСИТЕЖ“, во соработка со Домот на култура „Иван Мазов – Климе“. 

 - На првиот Македонски „АСИТЕЖ“ фестивал - МАФ, ќе бидат одиграни пет детски театарски претстави во различна продукција од цела држава, појаснува режисерката Микица Илова.

Фестивалот ќе трае до 11 јуни, а на програмата се детски театарски претстави, театарски работилници и тркалезни маси. 

Фестивалот почнува вечерва со „Убавицата и ѕверот“ во режија на Микица Илова, продукција на театарот при Домот на култура „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци. За утре е предвидена „Книголандија“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, продукција - НУЦК „Ацо Шопов“ - Штип, а во недела, „На гости кај Кате и Фреда“ со режија на Јован Ристовски, продукција - „Бабец театар“ - Битола. Понеделник е резервиран за „Тоби“ во  режија на Драгослав Тодоровиќ, продукција - НУ Театар за деца и младинци - Скопје, а вторник за „Свадби на животни  и нешта“, продукција на Театар „Облаци и сенки“. 

Во рамки на оф програмата на фестивалот, ќе биде одиграна и претставата за возрасни „8%“, во продукција на „Ато Центар“ - Битола, во недела. свд/бд/

Фото: плакат и програма

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан