• сабота, 21 декември 2024

Први либански воени жртви од почетокот на израелската офанзива

Први либански воени жртви од почетокот на израелската офанзива

Бејрут, 3 октомври 2024 (МИА) – Либански војник денеска е убиен во јужниот град Тајбех во израелски напад, а друг војник беше убиен кусо време потоа во напад во Бинт Џбеил.

Како што пренесува ДПА, ова се првите воени жртви од почетокот на израелската копнена офанзива во Либан.

Либанскиот министер за здравство Фирас Абаид претходно информира дека во израелските напади врз Либан што почнаа на 8 октомври минатата година, досега загинале 1.974 лица, а повредени се 9.384 луѓе. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан