• понеделник, 04 март 2024

Првиот авион со помош од САД за Газа пристигна во Египет

Првиот авион со помош од САД за Газа пристигна во Египет

Каиро, 28 ноември 2023 (МИА) – Првиот од трите планирани американски воени летови за помош со храна, медицински материјали и зимска опрема слета во Египет, додека Вашингтон ја засилува хуманитарната помош за Појасот.

Авионот Ц-17 на воздухопловните сили слета во Египет со 24,5 метрички тони медицински материјали и готова храна, соопшти американската Агенција за меѓународен развој.

„Со 1,7 милиони внатрешно раселени лица и 2,2 милиони на кои им е потребна хуманитарна помош, зголемените хуманитарни резерви се од суштинско значење за спасување животи и ублажување на страдањето на најранливите“, се вели во соопштението на УСАИД.

Обединетите нации ќе ја однесат помошта од египетскиот регион Северен Синај, кој се граничи со Појасот Газа под контрола на Хамас, на самата погодена палестинска територија, соопштија американските власти.

Во наредните денови ќе пристигнат уште два авиони. јт/

Фото: УСАИД

Остани поврзан