• недела, 22 декември 2024

Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години

Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години

Лондон, 18 ноември 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на Самитот Г20 во Бразил, што претставува прва средба на британски лидер со Си од 2018 година.

Стармер, како што известува Би-Би-Си, ќе ја истакне важноста од соработка со Кина за глобалната стабилност, климатските промени и економскиот раст, но ќе ја нагласи и потребата од „чесни разговори за прашања каде постојат несогласувања“.

Стармер, како што изјави денеска на пат кон Рио де Женеиро, главна тема за него, ќе биде поддршката за Украина, додека доаѓаат извештаи дека САД дозволиле Украина да користи ракети со долг дострел за напади врз Русија.

Кина, која е критикувана за својата поддршка на Русија во војната, ќе биде повикана на „прагматична ангажираност,“ додека британската влада ќе се фокусира на градење партнерства за економски раст и глобална безбедност. 

Самитот на Г20 се одржува денеска и утре во Рио де Жанеиро. ссм/

фото: архива

Остани поврзан