• петок, 11 октомври 2024

Прва ликовна колонија во Општина Кисела Вода

Прва ликовна колонија во Општина Кисела Вода

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Од денеска до недела ќе се одржува првата ликовна колонија во општина Кисела Вода, во Домот на култура во Драчево.

-Со оваа манифестација, која првпат се одржува, имаме за цел да го збогатиме културниот капацитет и потенцијал на Општината и ќе биде збогатена со дела од реномирани автори од Македонија и регионот, кои ќе бидат изложени во културните домови во Кисела Вода, соопшти Општина Кисела Вода. 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски им посакува успех на сите учесници на ликовната колонија. 

Според програмата, денеска во 10 часот се тргнува со организиран превоз од паркингот кај Општината, а потоа ќе има прошетка до црквата „Свети Ѓорѓија“ и „чешмата“ според која е настаната Кисела Вода, месноста Пеленица и други локации во Драчево. Пристигнување во домот во Драчево е околу 12 часот, творење до 16 часот, а потоа враќање дома. Организиран превоз ќе има и в сабота и в недела. мд/аа/

Фото: Општина Кисела Вода

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан