• петок, 19 јули 2024

По превртен брод во близина на грчкиот остров Самос, спасени 25 мигранти, пронајдено мртво дете и уапсени двајца

По превртен брод во близина на грчкиот остров Самос, спасени 25 мигранти, пронајдено мртво дете и уапсени двајца
Атина, 9 ноември 2020 (МИА) – Крајбрежната служба на Грција во текот на вчерашниот ден интервенирала за спасување на мигранти, чиј брод се превртел во близина на грчкиот остров Самос, а било извлечено безживотното тело на едно дете, јави дописничката на МИА од Атина. Биле спасени вкупно 25 мигранти, а дел од нив успеале сами да стигнат на копно. Денеска, биле уапсени две лица, меѓу кои и криумчарот кој воедно и управувал со чамецот. ср/сд/

Остани поврзан