• петок, 19 јули 2024

Сите летови на неколку водечки авиокомпании во САД се откажани поради технички проблеми

Сите летови на неколку водечки авиокомпании во САД се откажани поради технички проблеми

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) - Сите летови на неколку големи авиокомпании во САД вклучувајќи ги „Делта“, „Јунајтед“ и „Американ Ерлајнс“ денеска се откажани поради проблеми во комуникацијата, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Приземјувањето на авионите влијае на сите летови на авиокомпаниите, без оглед на нивната дестинација, соопшти Федералната управа за авијација, според Си-Ен-Ен.

Не е јасно кога ќе продолжат летовите, а Федералната управа за авијација најави со ново соопштение по тој повод. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан