• петок, 22 ноември 2024

По ОН и САД ги суспендираа испораките на храна во регионот Тиграј во Етиопија поради злоупотреба на залихите

По ОН и САД  ги суспендираа испораките на храна во регионот Тиграј во Етиопија поради злоупотреба на залихите

Вашингтон, 4 мај 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави соопштија дека го прекинуваат „до понатамошно известување“ испраќањето храна како хуманитарна помош во регионот Тиграј во северна Етиопија поради проневера на таа помош.

Тиграј е опустошен од катастрофална суша и воени конфликти.

„Донесовме тешка одлука да ја запреме сета помош во храна за регионот Тиграј до понатамошно известување“, наведе во соопштението администраторката на УСАИД, Саманта Пауер.

Според неа, тоа е направено затоа што дел од оваа помош е „пренасочена и продадена на локалниот пазар“.

Претходно, ваквата помош беше суспендирана од Светската програма за храна на Обединетите нации поради истата причина. паг/

 

 

Остани поврзан