По обилниот дожд, се санираат неколку локации на колекторот на потег Кавадарци - Марена
- По обилниот дожд на територијата на општина Кавадарци, денеска се санираат неколку локации на колекторот на потегот од Кавадарци до кавадаречкото село Марена.
Кавадарци, 2 февруари 2026 (МИА) - По обилниот дожд на територијата на општина Кавадарци, денеска се санираат неколку локации на колекторот на потегот од Кавадарци до кавадаречкото село Марена.
Градоначалникот Митко Јанчев попладнево информираше дека со механизација на Јавното претпријатие „Комуналец“ и „ЈАМИ“, како општествено одговорна компанија, како што нагласи тој, се работи на санација на неколку локации на колекторот на потегот од Кавадарци до село Марена.
Кавадаречкиот градоначалник, исто така, информираше и дека дежурните екипи на зимската служба се на терен уште од шест часот изутрина и континуирано ја следат состојбата на терен со паднатиот снег, се посолуваат патиштата со сол и со ризла, со цел подобрување на безбедноста. свд/вј/
Фото: МИА архива