• вторник, 25 јуни 2024

По несреќата во Колорадо, приземјени 128 авиони Боинг 777

По несреќата во Колорадо, приземјени 128 авиони Боинг 777
Чикаго, 22 февруари 2021 (МИА) - Приземјени се околу 128 авиони Боинг 777, кои го користат моторот „Прет енд Витни“ (Pratt & Whitney), истиот како на авионот што не успеа да полета од Денвер, изјави денеска портпаролот на гигантскиот американски производител на авиони.

Компанијата вчера препорача сите авиони што користат такви мотори да бидат приземјени додека американските регулатори го испитаат авионот на Јунајтед ерлајнс, кој беше принуден да се врати на аеродромот во Денвер, откако еден од неговите мотори се запали и се урна.

Покрај авионите на Јунајтед ерлајнс, моторот „Прет енд Витни“ го користат и авиони на јапонските компании АНА и ЈАЛ, како и јужнокорејската авиокомпанија Азијана ерлајн. паг/

Остани поврзан