• четврток, 18 јули 2024

Борел: Одржувањето врски со Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина

Борел: Одржувањето врски со Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина

Вашингтон,  24 јуни 2024 (МИА) - Одржувањето односи со рускиот претседател Владимир Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург. Тој оваа забелешка ја даде по генералниот состанок со претставниците на земјите од Западен Балкан, кои очекуваат влез во Европската унија.

Борел додаде дека ЕУ е подготвена да ја прошири својата поддршка во регионот и очекува овие земји да ги следат европските одлуки во областа на одбраната и надворешната политика, во однос на Украина и санкциите против Русија. Во одговор на прашање, тој истакна дека Србија се уште не го исполнува претпристапниот услов за спроведување на европските надворешнополитички одлуки.

Преговорите со Украина и Молдавија почнуваат утре, истакна високиот претставник. зш/

Остани поврзан