• петок, 22 ноември 2024

Почнува светиот муслимански месец Рамазан

Почнува светиот муслимански месец Рамазан
Скопје, 23 април 2020 (МИА) - Вечерва со заоѓање на сонцето за сите муслимани почнува светиот месец на постот, Рамазан, а сите активности поврзани со празникот ќе бидат прилагодени на актуелната ситуација и мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Рамазан е месец на задолжителен пост за сите  полнолетни, здрави муслимани, а не е задолжителен за тие кои се на пат, болни, родилки или бремени жени и деца. Постот подразбира воздржување од храна и пиење, но и лоши мисли и дела од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветти месец од исламскиот календар што некогаш има 29, а некогаш 30 дена. Муслиманите постат во сите годишни времиња според лунрниот  календар. Годината на муслиманскиот календар е пократка за десет дена од сончевата година, така што Рамазан секоја година се менува за десет дена. Оваа година Рамазан има 30 дена. Постот за Рамазан е најголемата верска обврска и еден вид на издржливост, сила на волја и верба. Постот е исто така можност да се покаже солидарност со оние кои се жедни и гладни поради сиромаштија, не по своја волја. Се смета дека со постот телото се прочистува од штетни работи. По завршување на месецот Рамазан, следува тридневен празник Рамазан Бајрам. ки/ми/

Остани поврзан