• сабота, 20 април 2024

Почнува летната наплата на паркинг местата во Штип

Почнува летната наплата на паркинг местата во Штип

Штип, 27 март 2023 (МИА) - Со почетокот на летното сметање на времето започнува и промената во наплата на паркинг услугата во Штип. Во писменото  соопштение од ЈП „Стипион“-Штип се вели дека од денеска паркинг услугата ќе се наплаќа во периодот до 7 до 21 часот.

-Ве известуваме дека од денес 27-03-2023 година со започнување на летното сметање на времето,наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип ќе се врши од 7.00 до 21:00 часот од понеделник до петок , се вели во соопштението на ЈП „Стипион“.

Посочуваат дека за сабота, периодот во кој се наплатува за користењето на јавниот простор за паркирање останува ист од 7:00 до 15:00 часот. Во Општина Штип паркинг услугата може да се наплати на три начини, преку билети, со смс порака и со билети за месечно или годишно плаќање. Проблемот со паркинг улугата пак и недоволните паркинг места ќе се решава со изградба на катни гаражи и изградба на конзоли на реката Отиња, со што ќе се прошири коловозот. вдј/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан