• вторник, 05 ноември 2024

Почна седницата на Советот за безбедност

Почна седницата на Советот за безбедност

Скопје, 23 јануари 2023 (МИА) -  Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на која ќе се разговара за безбедносната состојба во државава и евро-атлантскиот регион.

На седницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на YouTube и Facebook платформите на претседателот. дма/ац/

Остани поврзан