• вторник, 14 мај 2024

Почна пробивање на булевар во Тетово за уште еден излез на регионалниот пат кон граничниот премин кон Косово

Почна пробивање на булевар во Тетово за уште еден излез на регионалниот пат кон граничниот премин кон Косово

Тетово, 19 февруари 2024 (МИА) - Од денеска почнуваат градежните работи за продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ од касарната до регионалниот пат Тетово-Јажинце, најави тетовскиот градоначалникот Биљал Касами. Станува збор за делница од 400 метри, а според склучениот договор за јавна набавка ќе чини околу 206 илјади евра.

- Тоа е овој сегмент на булеварот „Благоја Тоска“, којшто беше ветен и промовиран неколку пати во минатото, но никогаш пуштен во употреба. Ние работевме сериозно за да собереме фондови и можности и да ги тераме сите процедури, да сега почнеме со реализација со овој проект со кој ќе се затвори, заокружи реализацијата на овој булевар во делот накај граничен премин Јажинце, во една должина од 400 метри. И со реализација на другиот дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ ќе се затворат двата главни проблеми за комуникацијата за Тетово и ќе се ослободи овој хаос во кој живее Тетово и се надеваме дека полека, полека Тетово станува сериозна урбана средина. Со овој проект се надеваме дека после три месеци колку е предвидено да се работи, да се пушти во употреба ќе се даде уште една можност за Тетово да се ослободиме од овој сообраќаен хаос, изјави Биљал Касами.

На новинарско прашање дали ќе се реализираат најавите за изработка на детални урбанистички планови со цел пробивање на булевар „Илинден“ од поштата до стадионот, Касами со одговор дека се работи на документацијата.

- Што се однесува за булевар „Илинден“ таму сме во една напредна фаза на планирање на 4 урбани блокови кои се долж тој дел на булеварот со што се надеваме ќе го отвориме и можност за да се отвори тој булевар. Сè додека нема развоен план, сè додека нема урбанистички планови во тие урбани блокови во кои се протега тој дел од булеварот не можеме ние да почнеме со процедура за реализација на планот затоа што граѓаните кои ќе им останат имотите во делот на булеварот ќе треба да им дадеме можност за развој. Веќе е обезбедена компанијата која работи на месечна база сме во контакт и комуникација со нив во делот на планирање и урбано решение за четири блокови каде се протега тој булевар. Кога ќе го имаме урбанистичко решение ќе почнеме и со проектот за отворање на булеварот, изјави Касами.

Се работи за денови, крајот на февруари или почеток на март кога ќе се почне со градба на стадионот, при крај сме со формалностите и усогласување на договорот со реализаторот. Ова беше одговор на Касами на прашањето дали има договор со фирмата избрана на тендер за реконструкција или изградба на стадионот во Тетово. ас/лв/

фото МИА 

Остани поврзан