• сабота, 27 јули 2024

Почна асфалтиарње улици во кумановската населба „Вера Которка“

Почна асфалтиарње улици во кумановската населба „Вера Которка“

Куманово, 4 март 2024 (МИА) - Во тек е асфалтирањето на улицата „Козјачка“ во кумановската населба „Вера Которка“, информираа денеска надлежните од општината. Покрај оваа улица ќе се реконструираат и улицата „Белановска“, за која неодамна беше избрана компанија како и дванаесет краци од село Доброшане кое речиси е споено со оваа кумановска населба.

-Во тек е асфалтирање на улица „Козјачка“ во населба Вера Которка (кај Денков млин) во Куманово, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Вредноста на склучениот договор со избраната компанија е над 19, 6 милиони денари. Договорот е скучен кон крајот на февруари и идниот период се очекува целосна реализација на улиците во населбата кои се дел од развојната програма на општината за тековната година.

Претходно во Доброшане се асфалтираше улицата „Студена вода“ се реализира како како дел од планот за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2023 за која од општинскиот буџет беа одвоени се 1.954.717 денари. Во Доброшане ќе се гради и спортско игралиште, проектот е веќе подготвен. ам/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан