• петок, 22 ноември 2024

Почнаа подготвителните активности за модуларната болница во Дебар

Почнаа подготвителните активности за модуларната болница во Дебар
Дебар, 7 јануари 2021 (МИА) – Во кругот на Општата болница со проширена дејност во Дебар, денеска почнаа подготвителните активности за поставување на модуларната болница. Поставувањето на монтажната болница се очекува да заврши до крајот на месецов. - Општина Дебар, во соработка со Министертвото за здравство и Општата болница, денеска почна со подготовка на теренот каде ќе биде поставена модуларната болница. Истата ќе биде наменета за пациенти позитивни или со симптоми на Ковид-19. Како општина ја обезбедуваме потребната инфраструктура, водоводна, канализациска и електро мрежа, истакна градоначалникот на Дебар Хекуран Дука. Директорот на болницата Бали Халили посочи дека модуларната болница ќе биде тријажен центар. - Објектот ќе биде на површина од 240 квадратни метри. Ќе работи како тријажен центар со соодветна лабораторија и други простории. Поставувањето на монтажната болница ќе заврши до крајот на овој месец. Паралелно,непречено функционира ковид центарот во Инфективното одделение, каде набрзо ќе почне изградбата на централен систем за кислородна терапија,за што донација од 800 илјади денари добивме од компанијата „Кнауф Радика“, рече Халили. Тој информира дека моментално на Инфективното одделение хоспитализирани се 11 паценти, сите на кислородна поддршка, а дневно во просек од 10 до 15 лица се лекуваат амбулантски. Во Општина Дебар, вклучително и Општина Центар Жупа, вкупната бројка на заразени, според вчерашните податоци на Министертвото за здравство, е 661 лице. Активни се 123, а починале 28 лица. вт/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан