• петок, 22 ноември 2024

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар
Загреб, 1 март 2021 (МИА) – Легендарниот фудбалер на Динамо и поранешен хрватски тренер, почина денес во Загреб на 65-годишна возраст. Тој бил примен во болницата во Задар на 18 февруари поради проблеми со црниот дроб. По десетдневно лекување, Крањчар беше пренесен во Загреб поради влошената состојба, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Крањчар е роден во Загреб на 15 ноември 1956 година. Уште од рана возраст беше поврзан со Динамо, каде во брилијантна десетгодишна ера го освои државниот шампионат во 1982 година и два Купа. Тој продолжи да освојува трофеи во Виена Рапид, со кого беше двапати австриски шампион и трикратен освојувач на купот и суперкупот. Играчката кариера ја заврши во Санкт Полтен во 1991 година. Како тренер со Динамо освои двојна круна во 1996 и 1998 година, а на НК Загреб во 2002 година му ја донесе единствената титула шампион на Хрватска. Последните титули ги освои со Сепахан во Иран во 2012 и 2013 година, каде беше шампион и освојувач на купот. Златко Крањчар беше селектор на хрватската фудбалска репрезентација (2004-2006) со која се пласираше на СП 2006 во Германија. зс/

Остани поврзан