• недела, 22 декември 2024

Почина радиоводителот Раш Лимбо

Почина радиоводителот Раш Лимбо
Мајами, 18 февруари 2021 (МИА) - Раш Лимбо, конзервативна медиумска икона, кој ја формираше политиката и на Републиканската партија и на САД со деселетија, како „крал на радиото“, почина вчера, по битката со рак на белите дробови. Тој имаше 70 години, а животоот го  заврши во Палм Бич, Флорида. Сопругата на Лимбо, Катрин ја објави веста во нејзината радиоемисија. - Како што многумина од вас знаат, губењето на сакана личност е ужасно тешко, а уште повеќе кога таа или тој е поголем од животот, рече таа. Според Си-ен-ен, неговата радиоемисија, „на многу начини, беше како ’голема експлозија‘ на конзервативниот медиумски универзум“ и помогнала да се популаризира политичкиот радиоформат.  си/

Остани поврзан