• недела, 19 мај 2024

Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор

Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор

Париз, 27 декември 2023 (МИА) - Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор почина денеска на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри.

-Почина утрово на сон во својот дом во Париз, изјавила Обри.

Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година. Претходно беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан