• петок, 05 декември 2025

Почетокот на белгиското Гран при одложен поради силниот дожд

Почетокот на белгиското Гран при одложен поради силниот дожд

Спа, 27 јули 2025 (МИА) - Почетокот на 13. трка од  Формула 1 шампионатот сезона 2025 што требаше да стартува попладнево во 15 часот во Белгија е одложен поради лоши временски услови.

Кога возачите го започнаа загревачкиот круг зад безбедносното возило, почнаа да пријавуваат слаба видливост на патеката поради големата количина вода. Иако дождот го намали интензитетот, водата сè уште не е исчистена од патеката во Спа.

Раководството на трката се одлучи за прекин на неодредено време.

Во меѓувреме временските услови се подобруваат, па се очекува возачите да се вратат на патеката. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан