• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Потрага по 16 годишно девојче во реката Вардар кај село Уланци

Потрага по 16 годишно девојче во реката Вардар кај село Уланци

Велес, 24 јули 2025 (МИА) - Попладнево во СВР Велес пријавено е дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско.

-По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага, информираат вечерва од СВР Велес.

Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето. ад/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан