• среда, 17 декември 2025

Потпишување на Договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти (во живо)

Потпишување на Договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти (во живо)

Лондон, 22 мај 2025 (МИА) - Потпишување на Договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. 

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, јави известувачот на МИА од Лондон.

Македонската Влада завчера го усвои текстот на Договорот откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

 

Остани поврзан