• вторник, 20 август 2024

Потпишан меморандум за реализирање на иницијативата ,,Реновирање и санирање на објектот и Летна сцена во Градски парк Делчево"

Потпишан меморандум за реализирање на иницијативата ,,Реновирање и санирање на објектот и Летна сцена во Градски парк Делчево

Делчево, 20 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски потпиша Меморандум за соработка со локалните партнери, Мрежата за рурален развој и ЛАГ Малеш Пијанец. Со активноста означен е почетокот на спроведување на втората иницијатива – “Реновирање и санирање на објектот и Летна сцена во Градски парк Делчево”.

- Проектот предвидува надворешно и внатрешно реновирање и санирање на објектот и Летна сцена во градски парк Делчево. Во реализација на иницијативата се вклучени локалните чинители: КУД “Гоце Делчев” Делчево, Општина Делчево, Здружение Ромски културен и едукативен центар „Тернипе МК“ Делчево, Локален Младински Совет Делчево, Друштво за производство, промет и услуги ОКИ-ПРОМ Делчево и РОМА ТРАНС ДООЕЛ с.Вирче Делчево, информираа од Општина Делчево.

Акцијата се реализира со финансиска поддршка од УСАИД. 

- Активностите се дел од проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од USAID North Macedonia Агенцијата на САД за меѓународен развој, а имплементиран од страна на Rural Development Network of North Macedonia Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со локалниот партнер ЛАГ Малеш-Пијанец / LAG Malesh- Pijanec, додадоа од Општината.

Целта е да се обезбедат подобри услови за работа на културните рaботници, а исто така и да се подобри на квалитетот на услуги од областа на културата за граѓаните во Oпштина Делчево. вс/


 Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан