• четврток, 02 април 2026

Постројка за десалинизација погодена во нападите на иранскиот остров Кешм

Постројка за десалинизација погодена во нападите на иранскиот остров Кешм

Техеран, 31 март 2026 (МИА) - Постројката за десалинизација на иранскиот остров Кешм, што се наоѓа во Ормуската Теснина, е погодена и онеспособена во американските воздушни напади, објави денеска иранската агенција ИСНА.

Објектот „е целосно надвор од функција, бидејќи не може да се поправи во краток рок“, објави агенцијата, цитирајќи го претставникот на иранското Министерство за здравство, Мохсен Фархади, без да го прецизира датумот на нападот.

Островот Кешм е најголемиот остров во Заливот и се протега на околу 100 километри во Ормуската Теснина. Тој е популарна туристичка дестинација за Иранците, особено поради неговото геолошко наследство, кое е светско наследство на УНЕСКО, како и поради неговите плажи.

Неговото пристаниште е една од портите за стоките од Обединетите Арапски Емирати.

Постројките за десалинизација, витален сектор и ресурс за милиони луѓе во регионот, станаа мета на војната.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно се закани дека ќе го уништи островот Харг, клучно иранско нафтено поле, и „можеби сите постројки за десалинизација во земјата“.сд/ми/

Фото:МИА архива

Остани поврзан